ЃУРЃА
Симни си
Симни!
Годинешниот Саем на книгата започнува на 13 април во 11 часот, а ќе трае до 18 април 2010 година. Излагачите ќе бидат сместени во првата хала, односно во најубавата – МЕТРОПОЛИС АРЕНАТА!
Се разбира, ги очекувам сите блог-пријатели, особено љубителите на убавата книга.
Срдечно!
Драги мои, да ви се множат новите години и радостите во нив!
Ви пожелувам убави мигови и креативна моќ!
![]() |
Маестрална книга која секогаш одново плени со едноставноста на мајсторски раскажаните приказни и која се издвојува потоа што секоја од нив е напишана совршено. Составена е од дванаесет прекрасни раскази кои прикажуваат 12 интригантни ликови. Нивните животни приказни не се поврзани меѓу себе, но секоја од нив е интересна на свој неповторлив начин. Сите нив ги поврзува магичниот реализам, но она што ги прави специфични е тоа што секојдневните случувања во нив се прикажани како нешто неверојатно, а волшебните настани се претставени како нешто сосема вообичаено.
Овие дванаесет животни приказни, испреплетени во најнеобични ситуации, поттикнуваат на размислување и на преиспитување. Можеби и ќе се пронајдете во некоја од нив!
* * *
Габриел Гарсија МАРКЕЗ
(1928)
Колумбиски новинар, политички активист и еден од најголемите латиноамерикански писатели на ХХ век. Започнал да работи како новинар, а подоцна како писател на сценарија и публицист. Се смета за најпознат писател на магичниот реализам, жанр во кој се мешаат магијата, митовите и реалноста. Неговата прва книга Приказната на бродоломецот наидува на многу критики, а со објавувањето на романот Сто години самотија постигнува светска слава.
Други негови дела се Есента на патријархот, „Бура на листот“, „Сеќавање на моите тажни курви“, „Љубов за време на колерата“, автобиографското дело „Да се живее за да се раскаже и други“.
Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1982 година.
КОЈ ЗНАЕ – ЧИТА!
Повеќе за книгите на ЃУРЃА на едно место:
http://www.mojakniga.com.mk/
![]() |
Врз богатото семејство Баскервил со генерации се пренесува едно страшно проклетство. Преданието раскажува за огромен мистериозен пес кој скита низ мочуришното земјиште обвиткано со магла околу семејниот имот. Холмс и неговиот соработник д-р Вотсон добиваат задача да помогнат во решавањето на мистериозниот смртен случај во семејството поврзано со ова проклетство. Телото на сер Чарлс Баскервил е најдено во паркот на неговиот имот, со траги од џиновско куче.
Ситуацијата се усложнува со доаѓањето на младиот сер Хенри Баскервил, новиот наследник. Заедно со него, на имотот оди и Вотсон, со тајна задача да го истражи местото на таинствените случувања. Иако постојано го известува за сите откриени работи во соседството, дури и студената логика на Шерлок Холмс е збунета и немоќна пред замките што се испливуваат пред нив од напуштеното мочуриште…
КОЈ ЗНАЕ -ЧИТА!
Повеќе за книгите на ЃУРЃА на едно место:
![]() |
Уште не излезена, акмаците* и` пресудија на Македонската енциклопедија. Со болна леснотија ја додадоа во списокот забранети книги (Индексот на Инквизицијата).
Ними, на акмаците и на сите што ги поддржуваат, тоа нека им служи на честа. И на нивните деца!
Кво вадис, Македонијо!
Das Buch, das in der Welt am ersten verboten zu werden verdiente, wäre ein Katalog von verbotenen Büchern.
(Книга што прва на светот би заслужила да биде забранета би била – Индексот на забранети книги.)
Georg. Chr. LICHTENBERG
* Акмаци – скратеница од АКАДЕМИЦИ МАКЕДОНСКИ (според акмакот Гане ТОДОРОВСКИ пред да стане акмак.)
Академик Александар Матковски
МАКЕДОНИЈА ВО ДЕЛАТА
НА СТРАНСКИТЕ ПАТОПИСЦИ 1904-1905
![]() |
…Најречито сведоштво за хероизмот е секогаш она што го дава непријателот. Од повеќе места ми е потврдена една многу трогателна сцена што се одиграла за време на борбите по солунските атентати. Еден млад комита сам се спротивставил, со фрлање бомби, на еден турски одред, при што бил убиен. Неколку војници се затрчале да го клоцаат телото што лежело на тротоарот. Тогаш еден отомански офицер интервенирал и строго им забранил да го навредуваат мртвото тело на оној кој се покажал како вистински херој.
…Од Големата војна наваму, сите нации воведоа култ кон незнајниот јунак и му подигнаа споменици. Но каде живее споменот на незнајните јунаци и селаните-страдалници, кои ја пролеале својата крв за Македонија, или кои го завршиле својот живот депортирани во Фезам?
…Сеќавањето на меѓународните реформи во Македонија се брише малку по малку, сиот тој период ќе се сведе на неколку страници, не многу значајни за историјата. Затоа, активноста што таму ја спроведоа реорганизаторските органи, вклучувајќи го и авторот на книгава, за кусо време ќе исчезне во бездната на заборавот. Тоа е заедничка судбина на речиси сите човечки акции, а јас воопшто не се жалам на тоа, зашто сум свесен дека секаде каде што можев да дејствувам за време на мојата официјална мисија во Македонија, се трудев да им ја олеснам судбината на несреќните што им ја беше натоварила незгодната политика.
Од Патописот на Алфред Рапопорт,
од 1904 година
…Националноста во Македонија е прашање на страв, политика и религија. Потеклото има релативно мало значење. Јазикот не помага многу, бидејќи повеќето Македонци зборуваат два јазика и го менуваат јазикот кога ја менуваат и партијата. Дотолку повеќе, може да се сретнат селани кои се чувствуваат Грци и Бугари, а зборуваат само турски јазик.
Вака како што е, со ниедна земја не се владее полесно отколку со Македонија.
Од Патописот на Џон Фостер Фрејзер,
од 1905 година
Зеленчукот и интегралните житарки во исхраната
![]() |
Денес веќе не ни е доволно да имаме храна за одржување на нормалните животни процеси, туку сакаме да знаеме што повеќе за прехранбените продукти – за нивната нутриционистичка вредност и за нивното правилно подготвување. Храната, особено зеленчукот и интегралните жита што се обработуваат во ова извонредно дело, има многу поголемо значење – таа е пресуден фактор за нашето здравје. Користејќи го изобилството полезни информации што ни ги дава авторката, можеме не само да го зачуваме своето здравје, туку и да ја подобриме својата работна способност и да си го продолжиме активниот живот.
Храната – значаен фактор за здравјето е вистинска нутриционистичка библија која треба да ја има секое семејство. Оваа книга е цитирана од многумина современи светски нутриционисти, што е само уште еден доказ за нејзината вредност.
* * *
Нада РОМАНОВА-БОШЕВСКА (1927)
Дипломиран нутриционист, целосно посветена на унапредувањето и осовременувањето на исхраната на населението. Најголемиот дел од работниот стаж го поминала во Републичкиот завод за економика на домаќинството, а била и претседател на Друштвото за унапредување на исхраната на населението на Македонија. Го предводела стручниот тим за унапредување на колективната исхрана ‡ нејзино осовременување во согласност со научните принципи – почнувајќи од децата од претшколска и школска возраст, па до општествената исхрана пошироко. Автор и коавтор на голем број статии, брошури и книги посветени на современата и здрава исхрана (Овошјето и неговите преработки; Современа исхрана на претшколското дете; Нормативи за општествена исхрана на доенчињата, малите деца и децата од предучилишна возраст итн.). Добитник на многу признанија за својот огромен придонес во оваа област.
Умира ли македонскиот блогерај?